Охрид и Кичево се првите градови во кои ќе се изврши јавната, прелиминарна распределба. Според Министерството за Транспорт и врски, распределбата на социјалните станови, сместени во населбата Расадник, ќе се врши јавно и по електронски пат.
На огласот за распределба на 71 социјален стан во Охрид, вкупно аплицирале 144 социјално загрозени лица. Според прописите на Јавниот оглас за становите можеа да аплицираат лица кои се станбено необезбедени, деца без родители, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, лица од социјално загрозена ромска заедница и самохрани родители со малолетни деца.
Во останатите градови низ земјава распределбата ќе се врши на 25- ти и 26- ти јуни, односно во петок и сабота , за кога се закажани распределбите на станови во Крива Паланка, Кочани и Кавадарци.