Првата конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Охрид ќе се одржи утре со почеток во 12.00 часот.

На дневен ред се три точки кои се однесуваат на избор на Комисија за верификација, избори и именувања, верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид и избор на Претседател на Советот на општина Охрид.

Инаку, вчера им беа врачени мандатите на новите членови на градскиот совет, а во наредните четири години распоредот на советници ќе биде десет од ВМРО ДПМНЕ, осум од СДСМ, двајца од ДУИ и по еден советник од Левица, Охрид пред се и Охрид има план Б.

OhridNews