Утре, 10- ти јули, петок ,екипи од Центарот за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција во општина Дебрца со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 20.30 до 06:00 часот,со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на општината,подрачјето на реката Сатеска,локалитетите со застојни водни површини,урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Третирањето ќе се изведе со препаратот Aqua K- Kotrine со активна супстанца Deltametrin. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За дите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Охрид е 231-881 и 230-231.
OhridNews