Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, времето во Македонија утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 70км/час). Минималната температура во Охрид ќе биде 5, а максималната 16 степени.

Во петок и за време на викендот не очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, а во недела од јужен правец. Максималната температура во Охрид, за време на викендот, ќе биде од 18 до 20 степени,а минималната од 8 до 11 степени.

OhridNews