Утре, петок, 26-ти октомври, со почеток во 12 часот, во големата сала на општина Охрид, ќе се одржи презентација на проектот ,,Реконструкција на Кеј Македонија“. Предвидено е обраќање на градоначалникот Јован Стојаноски, по што пред присутните ќе биде презентиран проектот, по што ќе следи дискусија.

На настанот ќе присуствуваат претставници на изработувачот на основниот проек „Астрекс“ од Скопје, од Министерство за животна средина и просторно планирање, Хидробиолошки институт, Заводот за здравствена заштита, Комисија за заштита на природно и културно наследство на Охридски регион, Единицата за спроведување на проектот ,,Локална и регионална конкурентност“, ПЛРК, Капетанијата на пристаништа , Еколошкото друштво „Грашница“, „Охрид СОС“, ХОТАМ, Туристички кластер ЕДЕН, Здружението на водичи „КЕЈ“, јавните комунални претпријатија од Охрид, невладини организации и граѓани.

OhridNews