На 22-ри јуни, сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“, најмладите охриѓани ќе имаат можност да ја проследат балетската претстава „Петар Пан“, во изведба на членовите на охридското балетско студио „Ана Савиќ“.
Учествуваат членови на студиото на возраст од 5 до 14 години, кои неколку месеци се подготвуваат за премиерна изведба на оваа балетска претстава.
Цена на картата е 100 денари.
OhridNews