Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека поради приклучување во водоводна мрежа на повеќе објекти, во среда 20-ти јуни, од 08:00 до 13:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на повеќе улици од централното градско подрачје и стариот дел на градот.

Прекинот ќе биде на улиците : „ Димитар Влахов“ , „Мите Богоески“, дел од „Партизанска“, „Климент Охридски“, „Страшо Пинџур“, „Серафим Китаноски“, дел од „Македонски Просветители“, „Климентска “ до пресекот со „Нада Филева“, „11ти Октомври“, „Аргир Маринчев“, „Бранко Шотра“, „Цар Самоил“, „Коста Абраш“, дел од „Илинденска“ и дел од „Славеј Планина“.

OhridNews