Поради приклучување во мрежа на новата водоводна линија на улицата „АСНОМ“ од ЈП Водовод Охрид за утре најавуваат прекин во водоснабдувањето.

Утре од 08:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улиците: „АСНОМ“, „Никола Карев“, „Галичица“ и дел од „Бул.Туристичка“ (зградите кај кружниот тек), велат од претпријатието.

Изведбата на нова водоводна линија на крак од улицата „АСНОМ”, како што посочуваат од ЈП Водовод е со цел навремено и квалитетно водоснабдување на жителите.

OhridNews