Продолжува периодот на стабилно суво и топло време. Особено топло ќе биде во среда и за време на викендот, кога температурите се очекува да достигнат и до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ваквата најава  ги израдува охридските туристички работници, кои се надеваат дека топлото време ќе ја продолжи сезоната, која се смета за една од најслабите во последните години.

OhridNews