Барателите на земјиштето треба да подготват програма која ќе ги содржи податоците за техничко-технолошката опременост, економската оправданост, можноста за нови вработувања, како и цената што ја нудат за закуп на еден хектар.
-Максималната површина за која може да аплицира и да добие еден понудувач е 10 ха. Почетната цена за годишна закупнина на еден хектар земјиште е 3.967 денари, но апликантите за закуп може да понудат и повеќе.- се објаснува во јавниот оглас на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ( број 11/9).
Образецот за учество на огласот земјоделците ќе можат да го подигнат во Подрачната единица на ова министерство во Охрид. Образецот треба да биде пополнет со сите потребни податоци и заедно со потребната документација треба да биде доставен во затворен плик. Во спротивно, барањето нема да биде разгледано.