Денеска ќе имаме променливо време со сончеви периоди и повремени врнежи од снег. Максималната дневна температура ќе достигне 2 степени.

До сабота ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремен локален снег. Поинтензивни врнежи се очекуваат во четврток, кога ќе дојде до зголемување на снежната покривка, а во сабота во крајните јужни подрачја ќе има услови врнежите да преминуваат во дожд. Поради ниските температури на места ќе има појава на голомразица.

OhridNews