Увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, во
координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид и Струга, ДЗС, ЦУК, Здравствен дом Струга и Црвен крст Охрид продолжува да се реализира и во компаниите.
Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи утре, 06.11.2024 г. во компанијата Магна во индустриската зона Струга ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, информираат од Црвен крст Охрид.
Вежбата е предвидено да започне во 10:30 часот.
OhridNews