Утре Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Тиквеш од Кавадарци. Оптимизамот владее во редовите на ГРК Охрид.

Тиквеш е добра екипа, квалитетна со многу квалитетни играчи вели Михајло Младеновиќ, потенцирајќи дека станува збор за многу важен натпревар.

Мислам дека треба да го дадеме максимумот да дадеме 120% затоа што мислам дека треба да победиме и да одиграме без поголем број на технички грешки, да оствариме победа што е можно побрзо. Ако е можно во 40тата минута тогаш во 40тата. Се надевам дека така и ќе биде бидејќи е многу важен натпревар за нас, истакна Младеновиќ.

Ракометарот Иван Тасески истакна дека подготовките траеле цела недела, а очекувањата се дека може да го добијат натпреварот со добра одбрана и намалување на техничките грешки во контра и во напад.

Годинава Лигата е една од најдобрите во изминативе години, сите екипи се изедначени. Пелистер 2 го победи на Вардар. Ние со фаворитите Пелистер и Вардар игравме до 50тата минута нерешено. Да ги намалиме техничките грешки мислам дека можеме да се надигруваме со сите, рече Тасески.

Натпреварот ГРК Охрид – РК Тиквеш ќе се одигра со почетокот во 18 часот во спортската сала Билјанини извори.

Н.С.Ј.