17.00. Млада родилка во дваесеттите години од животот од охридската населба Рача, завчера починала на Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, неполни две недели по породувањето со „царски рез“ во Општата болница во Охрид.

Неколку дена по пододувањето нејзината  здравствена состојба значително се влошила, по што од охридската болница била пренесена на Клиниката за гинекологија и акушерство. Пациентката која од 14 годишна возраст боледувала од ретка болест лупус којашто може да го зафати секој дел од телото,  била мултидисциплинарно третирана. Од ехо-прегледот гинеколозите исклучија гинеколошко страдање. – соопштија од Клиниката за гинекологија и акушерство, пренесува „Телма“.

Еден ден откако пациентката била примена на Гинекологија во Скопје, стручниот колегиум на болницата врз основа на конзилијарно мислење на тројца гинеколози, абдоминалец и пластичен хирург одлучил таа да биде поставена на машина за дишење.

И покрај сите напори на лекарскиот тим состојбата постојано се влошуваше. Пациентката во исклучитело лоша состојба завчера во 14 часот е префрлена на КАРИЛ, каде и почина два часа подоцна. – соопштија од Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Според лекарите, причина за смртта на родилката е сепса.

Случајот на починатата родилка од населбата Рача ја разбранува охридската и пошироката јавност. Од Општата болница во Охрид каде се породила младата жена, најавија дека со официјален став за немилиот настан ќе излезе во текот на утрешниот ден. Бебето се уште е кај нив, здраво и во добра состојба.

OhridNews