Советот на општина Охрид утре ќе ја продолжи прекинатата 25 седница. На дневен меѓу другото треба да се најде разрешувањето и изборот на членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија Комуналец и Проаква.

Сепак најмногу внумание утрешната седница привлекува поради најавите за формирање ново советничко мнозинство откако според партиските информации, најмалку двајца советници и откажале подршка на позицијата.

Седницата започнува во 10 ч.