Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ утре на 25-ти април во Спортскиот центар „Билјанини извори“ ќе организира Народен собир. Трибината е закажана за во 13 часот, а на неа ќе се обрати лидерот на партијата, Никола Груевски, како и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

На собирот се очекува да бидат изнесени ставовите на партијата за повеќе актуелни теми и за тоа какви ќе бидат чекорите на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.

Претходно, владеачката партија одржа вакви народни собири во повеќе градови во Македонија, вклучувајќи го и главниот град Скопје.

OhridNews