ГРК Охрид претстојниот викенд го игра еден од клучните натпревари сезонава за пласман во топ 4 во Супер лигата, против Пролет Тинекс.

Пред мечот, во петок, 5 мај, ве покануваме на градскиот плоштад на дружба со ракометарите на ГРК Охрид, најдобриот стрелец сезонава Гал Цирар и најдобриот спортист од странство кој игра за Охрид Владимир Бојаниќ, велат од клубот.

Информираат и дека на настанот што ќе се одржи од 12 до 14 часот, ќе можат да се купат карти за мечот Охрид – Пролет, кој се игра во недела во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.

Неопходна е поддршка за остварување на целта – победа! Затоа во недела, сите во сала!-порачуваат од клубот.

OhridNews