Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка, од Општина Дебрца известуваат дека утре ќе се спроведе теристичка (од земја) ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите, велат во соопштението.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд), додаваат дека дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.
Сите информации и прашања посочуваат дека може да се добијат на телефон за контакт во Општина Дебрца 046-286-855.
OhridNews