Љубителите на класичната музика утревечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе може да го проследат концертот на Македонската филхармонија.

Оркестарот ќе настапи под диригентско водство на маестро Борјан Цанев изведувајќи дела од: Дворжак, Брамс, Маскањи, Офенбах и други.  

-Македонската филхармонија настојува на сите граѓани да им овозможи уживање во симфониското музицирање, и се трудиме да одиме секаде каде што има услови за настап на нашиот оркестар. Досегашното искуство ни говори дека во сите градови во Македонија постојат љубители на класичната музика кои со нетрпение очекуваат вакви концерти, велат од раководството на филхармонијата.

Концертот ќе започне во 20 часот, а влезниците чинат 100 денари.

OhridNews