Утре, со почеток во 12 часот, во големата сала на општинската зграда, ќе се одржи конститутивната седница на Советот на општината.

Според договорот на претставниците на партиите и листите за советници кои добија свои мандати во новиот состав на Советот, претседателот на Советот во минатиот состав, Владо Чингоски, со решението за свикување на конститутивната седница предложи Дневен ред од две точки: 1. Верификација на мандатите, и 2. Давање и потпишување  свечена изјава на членовите на Советот.

На  седницата  ќе биде извршена  верификација на мандатите на 23-те членови на Советот на општината во кој 9 се од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ: Борис Стефаноски, Каролина Буџакоска, Кирил Пецаков, Дејан Пановски, Јованка Дамоска, Александар Попоски, Љубен Буџакоски, Љубица Смилевска-Мојсоска, Џемал Рахман;

Седум советници се  од листата на СДСМ: Бранислав Трпчески, Томислав Тунтев, Виолета Мицкоска, Душко Јаковчески, Ахмет Папел, Орхидеја Тссевака, Ѓорѓи Танески;

По двајца советници се од листите на ВМРО – НП: Јоне Станкоски и Александар Калачоски; и НСДП:  Верица Хајба и Драган Пандески;

Еден  член е од листата на ПЕИ – Кујтим Усеини и, двајца независни: Љупчо Настоски и Владо Цветкоски.