На празникот „Свети маченици Адријан и Наталија“ на Плаошник утре со света архиерејска литургија и црковни обичаи ќе биде означен почетокот на изградбата на Светиклиментовиот универзитет.

По тој повод  во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, Охрид, со почеток во 9 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

По завршувањето на светата литургија ќе биде осветен камен – темелникот за изградба на Светиклиментовиот Универзитет на Плаошник – Охрид.

OhridNews