Извлекувањето на добитниците на 20 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ ќе се изврши сабота, 28 октомври во 18:00 часот.

Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на ЛИНКОТ.

Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата. Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 43.000 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик, информираат од Црвен крст Охрид.

OhridNews