Двата полуфинални натпревари од хуманитарниот фудбалски турнир „Ohrid Freed“ ќе бидат одиграни утре во салата „Билјанини извори“ со почеток од 20 до 22 часот.

Во 20:00 чаот започнува натпреварот помеѓу екипите на Инекс Олгица Хотел и СПА и Гостилница кај Мече, додека во 21:00 часот Провелд Волино и минатогодишниот победник на „Ohrid Freed“ АСП ПАК.

Во среда, 6 ноември, ќе бидат одиграни натпреварите за трето место и финалниот натпревар за прво место, едниот од 20 часот, другиот од 21 часот.

Хумнитарниот турнир  во мал фудбал „Ohrid Freed“ организиран од ЈП Билјанини Извори и Општина Охрид се организира секоја година во чест на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.

OhridNews