Утре ќе гласаат болните лица, војниците и граѓаните кои издржуваат затворска казна.
Избирачките места в недела ќе се отворат во 7 часот на утро а ќе се затворат во 19 часот.
Изборниот процес ќе го следат меѓународните набљудувачки мисии. Од домашните, граѓанската асоцијација МОСТ во Охрид има ангажирано 173 набљудувачи.
Државната изборна комисија, општинските изборни комисии и избирачките одбори се органите кои што ќе ги спроведуваат изборите. Изборниот материјал, како што најавува претседателката на охриската општинска изборна комисија, Марика Ангелеска, утре ќе им биде поделен на избирачките одбори.
Ќе се избираат 120 пратеници или по 20 од секоја изборна комисија, а резултатите ќе се пресметуваат според Д’онтонова формула.
Парламентарни избори во Република Македонија се одржани во 1990, 1994, 1998 и 2002 година. Предвремени парламентарни избори се одржуваат првпат од осамостојувањето на државава.