Меѓународната експертска комисија, овој дел од вештачењето на Илинден, требаше да го направи уште минатиот викенд, но поради технички проблеми и неусогласеност на термините на експертите, вештачењето беше одложено.
Пред околу шест недели Професорите од Машинскиот факултет во Скопје, го испитуваа техничкиот дел на бродот Илинден. Беше проверена рамномерноста на трупот на бродот, дебелината на лимот, а беа направени и специјални ултразвучни мерења. Исто така делови од машинскиот дел на бродот беа однесени на специјални испитувања во лабораториите во Скопје.
Резултатите од вештачењето, ќе треба да покажат дали обвинителен акт ќе биде покренат и против други лица. Засега единствениот обвинет за потонувањето на бродот Илинден во кое загинаа 15 бугарски туристи, е капетанот на бродот Сотир Филески, кој од 30 октомври е во домашен притвор.