Утре, на 28-ми февруари 2015 година на патниот правец А2 Охрид – Кичево (Врбјани – Пресека), поради минирање, сообраќајот ќе биде во прекин од 13-14 часот.
Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта утрово се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на планинските превои Буково, Стража, Маврово и Крушево, но снегот не се задржува на коловозот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
OhridNews