Утре ќе се одржи четвртиот по ред Олимписки пливачки маратон на 10 километри „Охрид 2022“ во организација на клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.

Маратонот ќе се реализира на водената површина помеѓу старото пристаниште кај хотел „Палас“ и хотел „Милениум“, информираат од клубот.

Додаваат дека стартот на трката е предвиден да биде во 10.30 часот.

OhridNews