Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на утрешната седница ќе има полни раце работа. УО треба да ја финишира сезоната, да ги одреди патниците во Европа и да ги разгледа предлозите за промени во Супер лигата за следните две сезони во машка и женска конкуренција.
На охридската спортска јавност, посебно и е важна одлуката дали охридскиот ракометен клуб Охрид ќе добие доверба од УО на РФМ за учество во Лигата на Европа. „Гладијаторите“ водат битка со скопските ривали Бутел и Пролет, додека сигурно место во европските натпреварувања имаат Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург.
Вардар би играл во Лигата на Шампиони. Една екипа од Еурофарм Пелистер или Металург ќе игра директно во фазата по групи во Лигата на Европа додека другата ќе почне во третото квалификациско коло. Четвртата екипа во кој круг спаѓа и Охрид ќе започне од почеток во квалификациите.
УО ќе треба да ги разгледа предзлозите за промените во Супер лигата. Ракометната елита треба да претрпи измени поради прекин на првенството оваа година. Националниот шампионат ќе се прошири и ќе биде поделен во две групи, секако со амин од УО.
OhridNews