Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари, ќе биде запален утре на античкиот стадион во грчката Олимпија без присуство на гледачи поради пандемијата на коронавирус, како што беше случај и за летните Игри во Токио.
Трет пат во трите децении на традиционалното палење на олимпискиот оган во колевката на олимпизмот свеченоста ќе биде без гледачи, соопшти Грчкиот олимписки комитет.
Поради ситуацијата поврзана со пандемијата Ковид-19, свеченоста ќе се одржи со строго почитување на локалниот здравствен протокол, објави Комитетот, кој на ист начин ја водеше свеченоста на палење на оганот во март минатата година за игрите во Токио.
Во историјата на модерните Игри, олимпискиот оган беше запален без присуство на гледачи во 1984 година, кога грчките организатори на тој начин протестираа против комерцијалниот карактер ма Олимписките игриво Лос Анџелес.
Утрешната свеченост ќе се одржи пред ограничен број членови на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и претставници на грчкиот и кинескиот комитет. На свеченоста ќе присуствуваа претседателот на Грција Катерина Сакералополу и првиот човек на МОК, Томас Бах.
OhridNews