Утре во перидот од 11.30 часот до 13 часот охриѓани ќе можат да се дружат со ракометарите на ГРК Охрид. Од клубот најавуваат хепенинг со многу награди, забава и изненадувањa.
За 3 купени карти следува подарок топче, додека за 6 купени карти подарок маица со потписи од играчите. Продажбата, пак, на сезонски карти е со подарок оргинален дрес, велат од ГРК Охрид.
Хепенингот ќе се одржи во охридската чаршија кај продажното место на карти за мечот Охрид – Алкалоид, Кај Аждер.
Натпреварот Охрид-Алкалоид се игра во недела во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.
OhridNews