Утре на подрачјето на општина Струга ќе се спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.
Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 20:00 часот, до рано наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, информираат од Општина Струга.
OhridNews