Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дебрца како општа противепидемиска мерка од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид информираат дека утре се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување, а ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите, се вели во соопштението.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
OhridNews