По повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“ утре , во манастирот посветен на Св. Пантелејмон на Плаошник ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.30 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Ohridnews