По повод смртта на новинарот Илче Стојаноски, ЗНМ и медиумската заедница од Охрид утре, среда (23 април) организираат комеморација која ќе се одржи во 10 часот во Големата сала на Општина Охрид.

Стојаноски почина вчера во Охрид на 75 годишна возраст. Целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат и радио Охрид. За својот труд Стојаноски за време на својот работен век има добиено голем број награди и признанија.

Погребот е утре, 23 април, од 12 до 12.30 на Градските гробишта во Охрид.

OhridNews