Утре своето гласачко право во домашни услови ќе го остварат 172 болни и изнемоштени лица од Охрид. Во посебен извод од избирачкиот список за гласање се пријавени 27 лица од Охрид кои издржуваат затворска казна, седум лица во установи за вонсемејна грижа и тројца граѓани од Охрид во дипломатско – конзуларните претставништва.
На територијата на Општина Дебрца утре ќе можат да гласаат 22 лица, додека 158 болни и изнемоштени лица се пријавиле да гласаат во домашни услови во Струга и струшко.
Според податоците на ДИК на територијата на Општина Охрид во единствениот избирачки список регистрирани се 51 378 лица кои ќе гласаат на 87 избирачки места, во Дебрца 3 928 на 23 места, додека на територијата на Општина Струга регистрирани се 60 778 гласачи, кои ќе гласаат на 101 избирачко место.
Н.С.Ј.