Утеха за годината без трофеј и некој посериозен успех во тенисот, Канаѓанката Еугени Бучард најде во фудбал на плажа. Симпатичната 24-годишна тенисерка беше дел од тимот на „Спортс илустрејд“ кој одигра ревијални мечеви на плажа во Мајами.
Дел од тимот кој победи беше тенисерката Бучард, екс фудбалерот Лендон Донован, сноубордерот Брен Хакби и топ-моделот Саманто Хоупс. Бучард стигна и до признанието МВП, кое се доделува за најкорисниот играч во финалето.
Канаѓанката, моментално фигурира на 88-та позиција на АТП листата, а повеќе внимание привлекува со работите кои ги прави надвор од тенисот.
OhridNews