На седницата се водеше расправа и околу предлог одлуката за усвојување на Извештајот за работа на неодамна формираното претпријатие „Нискоградба Охрид “ за периодот од први јули до 30- ти септември годинава. На дневен ред беа и извештајот за работата на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид во периодот од 01.07 до 30.09. 2010 год, извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „ Охридски Комуналец “ деветмесечниот извештај за финансиското работење на МЈП „Проаква“ Струга, како и предлог одлуката за утврдување фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2011 год.
На дневен ред на седницата се најдоја и предлог- одлуката за утврдување нацрт ДУП за урбана заедница 11, урбан дел 11.3 опфат 2 и предлог одлуката за утврдување нацрт ДУП за урбана заедница 12, дел урбан блок 12.4 опфат 2 и урбан блок 12.1.