Советот на Општина Дебрца на одржаната 18-та седница ја усвои завршната сметка на Буџетот на општината за 2022 година.

Од проектираниот буџет остварен е приход во вкупен износ од 103.200.284,00 денари или остварување од 91 %. Билансот на трошоците е во рамките на одобрениот буџет и истиот за 2022 година изнесува 100.014.047,00 денари, информираат од Општина Дебрца.

На седница, додаваат во соопштението, советот ги донел Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Дебрца во 2023 година и Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територија на Општина Дебрца за 2023 година.

OhridNews