Со 80 гласа ЗА, 6 против и без воздржани, пратениците во македонското собрание го изгласаа Законот за Јавното обвинителство.
Првично, на почетокот на седницата, кога се гласаше законот и се изјаснаа само 74 пратеници, претседателот Џафери го поништи гласањето, со образложение дека не видел дека пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, побарала процедурално да говори. И покрај реакциите од пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Џафери го поништи гласањето и и дозволи процедурално на Лилјана Поповска да се обрати. По неа, пред пратениците зборуваше и пратеникот Ферид Мухиќ.
По усвојувањето на законот за Јавно обвинителство, на говорницата излезе пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски кој почна да вика „криминалци, криминалци“, коментирајќи дека требало да биде прифатено првото гласање.
OhridNews