Усвоен протоколот за постапување на мултисекторските тимови за заштита на деца жртви на насилство, како и дефинирање на следните активности, односно ревизија на Акцискиот план и дигитализирање на внесот на податоци за децата жртви на насилство на денешниот одржан состанок на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска со Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување кое е составено од претставници на релевaнтни институции, граѓански и меѓународни организации.
Заштита на децата од насилство е приоритет и значајна заложба на нашето општество бидејќи сите форми на насилство, злоупотреба и занемарување на децата, кои потенцијално го загрозуваат или го нарушуваат физичкиот, психичкиот и моралниот интегритет на личноста на детето, претставуваат повреда на основните права на детето содржани во Конвенцијата за правата на детето, рече министерката.
Националното координативно тело со поддршка на Уницеф го спроведе процес за идентификување и собирање на податоци за деца жртви на насилство, злоупотреба и занемарување. За таа цел креирани се посебни индикатори за прибирање на податоците за пријавени деца жртви на насилство во сите сектори: образование, здравство, социјала и полиција. Со помош на тие индикатори се изготви и Стратегија за работа по која ќе се планираат и следните чекори.
OhridNews