Нацрт просторниот план на Охридско-преспанскиот регион за периодот од 2005 до 2020 година  доби зелено светло од  Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.

На вчерашната  седница Комисијата со консензус го усвои Нацрт просторниот план за  Охридско-преспанскиот регион за периодот од 2005 до 2020 година кој има за цел да обезбеди просторни услови за изградба, реконструкција и заштита на регионот, отпимално функционирање на сите инфраструктурни системи и производни капацитети, како и да иницира трилатерална соработка со соседните Грција и Албанија, со кои граничи овој регион.

Нацрт просторниот план ги дефинира приоритетите во областа на водоснабдувањето и  развојот на индустријата. Во планот е предвидена и  изградба на нови 20 мали хидроцентрали, како и алтернативни можности за поголемо користење на сончевата енергија и гасот во Охридско-преспанскиот регион.

ohridnews