Советот на општината на денешната седница ги усвои Одлуката за усвојување на извештајот за работата на Советот во минатата година; Одлуката за утврдување Нацрт-ДУП за 6-та УЕ УБ 6.2. опфат 1; Одлуката за усвојување на Програмата за работа во 2009. година на РЕ „Колектор“ на МЈП „Проакав“;Одлуката за отпис на основни средства – компјутери; како и Одлуката за доделување на признанието „Почесен граѓанин на Охрид“ на познатиот бизнисмен, донатор и вљубеник во Охрид, Минчо Јорданов.
Од дневен ред на 62-та седница беше повлечена Предлог – Одлуката за усвојување на Прогармата за годинешнава работа на РЕ „Водовод“ на МЈП „Проаква, а како дополнителни точки, кои подоцна беа усвоени од советот беа поставени: Предлог-Одлуките за задолжуавње на ЈП „Комуналец“ со револвинг-кредит; за измена и дополна на Одлуката за извршување на Буџетот за 2009 година; како и Предлог – Одлуката за донесување на Деталниот Урбанистички план за УЕ 3, информираше прес службата на Општина Охрид.