Со другата одреба се предвидуваше дека имот кој бил национализиран и во меѓувреме со имотот управуваат други лица кои имаат меѓусебни договори да можат и понатаму да ги реализираат се додека барањето за денационализација не е заведено во Катастар. Но бидејки заведувањето во Катастар не зависи од барателот туку од институцијата се ускратува правото на барателот. Затоа судот ги укина одредбите затоа што со прибележувањето во Катастар и ажурноста на институцијата се доведува во прашање остварување на човекови права.
Укината е одредба од Законот за трговски друштва со која лица осудени на правосилни казни за лажен стечај и други слични кривични дела не можат да основаат трговско друштво. Уставниот суд смета дека со ваквото законско ограничување се ускратени човековите права бидејќи лицата се осудени и имаат веќе една казна, а ова би претставувало некој вид нова казна и сторилетот не смее да трпи други штетни последици надвор од предвидената казна.
Судот укина и одредби од Закон за јавна внатрешна финансиска контрола со која министерот за финансии имаше овластувања во јавните установи да формира единица за внатрешна ревизија и да биде надлежен за назначување и разрешување на претседателот на единицата. Таа единица требаше да прави финансиска контрола. Судот смета дека со ваквите одредби се доведува во прашање темелната вредност на поделба на власта и владеење на правото.
извор: „Макфакс“