Уставниот суд укина две точки од Законот за домување, со кој се предвидуваше глоба од 300 евра за сопственик на стан во станбена зграда ако не донесе план за одржување на зградата и ако не определи управител или не регистрира заедница на сопственици.
 
Укинувањето е затоа што во член од Законот за домување  е уредена материјата за тоа што се прави во ситуација ако не е донесен план за одржување на станбената зграда, ако не е определен управител и ако не е регистрирана заедница на сопственици. При тоа е определено сопственик-поединец да може да поднесе предлог до надлежен основен суд и судот да ги уреди тие работи, па при таква состојба кога постојат решенија во Законот поради непостапувањето, Уставниот суд утврди дека нема елементи на противправно однесување, односно не постои прекршок, поради што предвидувањето на казна за непостоење на прекршок не обезбедува владеење на правото.

Ohridnews