На денес одржаната седница, Уставниот суд го укина посебниот режим за движење за лицата над 67 години и малолетните.

Судот изрече времена забрана на владината уредба со која се ограничува движењето на овие категории граѓани. Со тоа, граѓаните постари од 67 години ќе може да излегуваат од 5 до 19 часот, а за помладите од 18 години полицискиот час ќе важи како и за останатите граѓани од 5 до 19 часот.

OhridNews