Уставниот суд, ја укина одредбата од Законот за спречување на судир на интереси, донесен во 2007 година, со која се предвидуваше лице вработено во државни или општествени органи да не може да членува во управни органи или да биде на раководна функција во здружение на граѓани.
Укинувањето е бидејќи таквата одредба ја доведува во прашање уставно загарантираната слобода на здружување на таа категорија лица. Прашањето за спречување на злоупотреба на таа категорија лица во наведените ситуации е уредено со други одредби од законот.
Со други зборови лицето вработено во државни органи може да биде член и во здруженија на граѓани, вклучително и во управи и раководни органи на здружението, но притоа не треба да ги злоупотреби информациите и податоците.
ohridnews