Уставниот суд ja замрзна одредбата донесена од Владата за кратење на платите на избраните државни функционери, меѓу кои се и народните пратеници, министрите, градоначалници, советници, директори на јавни и државни претпријатија, судиите, и обвинителите, кои согласно донесената уредба требаше да земаат минимална плата за време на траењето на корона кризата.
На одлуката на Уставен попладнево реагираше Владата, која смета дека таа ја поткопува солидарноста во земјата и директно штети на обезбедувањето средства за справување со КОВИД-19. Владата изрази разочарување од ваквата одлука, нарекувајчи ја скандалозна.
Владата на Република Северна Македонија смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.
Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19. – стои во реакцијата на Владата.
Во меѓувреме дел од носителите на јавни функции најавија дека без разлика на одлуката на Уставниот суд, ќе се откажат од целосните примања, и средствата над минималната плата ќе ги донираат во хуманитарни цели. Меѓу нив е и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Поради лична желба, одговорност и солидарност во овие моменти, кога сите капацитети и ресурси се насочени кон побрзо надминување на кризата со Корона вирусот Ковид-19, сакам да ја информирам јавноста дека и покрај денешната одлука на Уставниот суд, за месеците април и мај ќе подигнам плата од 14.500 денари, а останатите средства до целиот износ на нето платата, ќе ги уплатам на сметка на Црвен Крст Охрид за обезбедување на прехранбени пакети за социјално-ранливите семејства од нашата општина. Упатувам апел до сите носители на јавни функции да го следат овој пример. Само со лична одговорност можеме да дадеме придонес во оваа специфична ситуација. – напиша вечерва на официјалниот Фејсбук профил Градоначалникот на Охрид.
⚠️✅➡️Поради лична желба, одговорност и солидарност во овие моменти, кога сите капацитети и ресурси се насочени кон…
Geplaatst door Константин Георгиески – официјална страна op Dinsdag 28 april 2020
OhridNews