Во центарот на главниот град во Словенија деновиве шетала мечка. Во зоолошката градина сите мечки се на број, па се смета дека мечката залутала од брдата околу Љубљана.


Дивото животно вчера доцна попладне било забележано во близина на зоолошката градина каде стручни служби го успале погодувајќи го со специјална пушка. Мечката турист од главниот град на Словенија ќе биде вратена во дивината.