Охридските каратисти од карате клубот „Кун-су-то“ покажаа особен успех на државното детско превенство во карате. Во рамки на првенството учествуваа над 250 каратисти од сите клубови кои се членки на македонската карате Федерација. Првенството се одржа на 6.11.2021 во Кавадарци во организација на карате Федерацијата на Македонија
Од Охрид учествуваа 4 натпреварувачи кои освоија 6 медаљи од кои 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени. Првото место го освои Анастасија Смилевска во категорија борби женски 12 години ( 50 кгр). Во женска категорија до 11 години, второто место го освои Матеа Грозданоска. Грозданоска го освои и третото место во категоријата кати женски до 11 години, а Смилевска го освои и 3то место во категоријата кати женски до 12 години.
Во категоријата борби машки до 12 години ( – 37 кгр), првото место го освои Дамјан Митревски, а во машка категорија до 11 години (-37 кгр) второто место го освои Козма Митревски.
Анастасија Смилевска и Дамјан Митревски втора година по ред се државни прваци.