Владимир Четкар ја заврши мини-турнејата која се одржа низ неколку градови во Мидвест Америка.
Сите концерти беа одлично посетени и покрај притисокот кој го наметнува светската пандемија на Ковид 19 а атмосферата на настапите беше навистина феноменална со неверојатна енергија и интеракција со публиката која едноставно неможеше да одолее да заигра и да запее па на крај стана и дел од бендот, велат од тимот на Четкар.
Четкар на турнејата беше придружуван од Американски музичари и се претстави со авторска музика од своите три студиски албуми.
OhridNews
Фото: Arron Bound, Chicago Rhapsody